Home » Во Швајцарија сум покрај нашите иселеници, заедно да ги прославиме албанските ноемвриски празници, честит 22 Ноември

Во Швајцарија сум покрај нашите иселеници, заедно да ги прославиме албанските ноемвриски празници, честит 22 Ноември

by Журнал.мк

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети на сите Албанци им го честита 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на албанскиот јазик.

„За мене денеска е ден на албанскиот јазик, не само денот на азбуката на нашиот свет јазик и на конгресот во Битола.

Мора да го негуваме и промовираме нашиот древен јазик, да се здружиме и да се ставиме во првите редови на напорите да го заштитиме од секојдневните напади.

До вчера работевме на унапредување на употребата на нашиот јазик, а денес сме во позиција да го штитиме постигнатото.

Националното прашање, јазикот, знамето, унијата и интеграцијата бараат посветеност од мажи и жени-идеалисти и мисионери!

Денеска сум во Швајцарија, покрај нашите иселеници, заедно да ги прославиме албанските ноемвриски празници и уште еднаш да се ставиме на чело на националните процеси, заедно да го заштитиме постигнатото и да одиме напред.

Честит 22 ноември, денот на азбуката на албанскиот јазик!“ пишува Али Ахмети.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk