Општина Штип утре преку овластена фирма, на територијата на општината ќе ја спроведе петтата адултицидна (тереистичка) дезинсекција со цел уништување на комарците. Во писменото соопштение од Општина Штип се вели дека запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 1 до 7 часот.
-Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети на територија на општина Штип, се вели во соопштението од Општина Штип.
Во случај на неповолни временски услови (дожд,ветар и др.) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Општина Штип ги информира пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.