Home » Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11.000 случаи

Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11.000 случаи

by Журнал.мк

Пикот на грипот трае а бројот на новорегистрирани и понатаму е четирицифрен. 2880 случаи на заболени биле пријавени во Инстиутот за јавно здравје во периодот од 3 до 9 февруари. Тоа е нешто помалку од претходната недела, но двојно повеќе во споредба со истиот период лани.

Од новите случаи повеќе од 1000 се деца до 14 годишна возраст.

– Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има широка географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10% пет недели со ред. Како Институт за јавн оздравје апелираме да се почитуваат препораките за заштита од грип, вели Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.

Големите бројки на заболени значат и повеќе хоспитализации. Во Козле и на Детска клиника со денови имаат големи гужви а кај децата освен грипот доминираат и други респираторни инфекции.

-Овој период преполни се и амбулантите и болничките одделенија. Кај еден дел од пациентите, посебно помалите но и повозрасни деца кои имаат покомплицирани и потешки воспаленија, имаат потреба од кислородна поддршка, вели д-р Весна Мицевска, педијатар- пулмолог од Клиника за детски болести.

Поради гужвите и големиот број на болни, изминатите денови клиниките и болниците добиле уште едно известувбање од Министерството за здравство за забрана за посети како и почитување на превентивните мерки за заштита.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk