Home » Во Саудиска Арабија: На конкурс за машиновозачи се пријавиле 28 илјади жени

Во Саудиска Арабија: На конкурс за машиновозачи се пријавиле 28 илјади жени

by Журнал.мк

Компанијата „Ренфе“, која најави дека сака да им овозможи на жените да работат, моментално вработува 80 мажи на позицијата машиновозач во Саудиска Арабија, додека уште 50 се на обука
Учеството на жените во работната сила е речиси двојно зголемено во последните пет години и е на 33 проценти
На огласот за вработување на 30 машиновозачи во Саудиска Арабија. се пријавиле 28 000 кандидатки, како резултат на отворање на повеќе можности за жените во ова конзервативно кралство.

Шпанскиот железнички оператор „Ренфе“ објави дека онлајн оценувањето на образованието и познавање на англискиот јазик помогнало да се намали бројот на кандидати за околу половина, а дека останатите ќе бидат проверени до средината на март.

Избраните кандидати ќе возат брзи возови меѓу Мека и Медина, откако ќе поминат една година платена обука.

Компанијата „Ренфе“, која најави дека сака да им овозможи на жените да работат, моментално вработува 80 мажи на позицијата машиновозач во Саудиска Арабија, додека уште 50 се на обука.

До неодамна, можностите за вработување на жените од Саудиска Арабија беа ограничени само на наставниците и здравствените работници, бидејќи тие мораа да се придржуваат до строгите правила за родова сегрегација. Во ова кралство на жените не им било дозволено да возат и автомобил до 2018 година.

Учеството на жените во работната сила е речиси двојно зголемено во последните пет години на 33 проценти, бидејќи оваа земја се обидува да ја отвори и диверзифицира својата економија, а жените сега заземаат работни места кои некогаш беа ограничени на мажи и странци.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More