Home » Во рускиот град Орск пукна брана, во тек евакуација на жителите

Во рускиот град Орск пукна брана, во тек евакуација на жителите

by Журнал.мк

Во градот Орск, во руската област Оренбург, денеска пукна брана и започната е евакуација на жителите, соопштија локалните власти.

„Пукна брана во Орск. Во тек е евакуација на жителите на градот кој се наоѓа во зона на поплави“, се наведува во соопштение на Службата за вонредни состојби.

Се додава дека пробивањето на браната се заканува во зоната на поплави да бидат 4.000 куќи во Орск, каде живеат до 10.000 луѓе.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More