Home » Во Рим пристигнаа 133 кардинали за нов избор на папа

Во Рим пристигнаа 133 кардинали за нов избор на папа

by Журнал.мк

Ватикан соопшти дека сите 133 кардинали помлади од 80 години, кои имаат право да учествуваат во изборот на нов папа, пристигнале во Рим пред конклавата што почнува в среда.

Кардиналите ќе се соберат во Сикстинската капела во 16:30 часот за да започнат со гласањето, кое ќе трае додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство и не стане нов лидер на 1,4 милијарди католици низ светот.

Кардиналите се сместени во резиденцијата Света Марта, каде што живееше неодамна починатиот папа Франциск, кој почина на Велигденски понеделник на 88-годишна возраст. Ватикан соопшти дека за време на конклавата кардиналите мора да ги предадат своите телефони, а кујната во Света Марта ќе подготвува само лесни оброци.

Гласањето е тајно, а двотретинското мнозинство е неопходно за избор на наследник на Франциск, процес што може да трае неколку дена, па дури и недели. Најдолгата конклава во поновата историја се одржала во 1831 година, кога папата Гргур XVI бил избран по повеќе од 50 дена, додека најдолгата во 20. век траела пет дена, кога бил избран Пиј XI во 1922 година. Последните две конклави, во 2005 и 2013 година, траеја по два дена, при што Бенедикт XVI беше избран во четвртиот, а Франциск во петтиот круг на гласање.

По секои два круга гласање во Сикстинската капела, гласачките ливчиња на кардиналите се палат во посебна печка за да се покаже резултатот од гласањето пред надворешниот свет. Ако при гласањето не се избере папа, ливчињата се мешаат со патрони што содржат калиум перхлорат, антрацен (компонента на јагленовиот катран) и сулфур, за да се добие црн чад. Кога, пак, гласањето ќе определи победник, ливчињата се мешаат со калиум хлорат, лактоза и хлороформна смола, за да се добие бел чад.

По успешното гласање, новоизбраниот папа се прашува дали ја прифаќа должноста и кое име ќе го избере. Висок кардинал потоа излегува на балконот на базиликата Свети Петар и објавува „Habemus Papam“ (Имаме папа), по што новиот папа го благословува собраниот народ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk