Денес во Ријад започна самитот на Соединетите Американски Држави (САД) и Саудиска Арабија, на кој присуствуваат американскиот претседател Доналд Трамп и саудискиот престолонаследник Мухамад бин Селман, објавија саудиските медиуми, пренесува Анадолу.
Државната телевизија „Ал Икбарија“ соопшти дека официјалниот самит се одржува во кралската палата „Ал-Јамама“ во Ријад, а за време на самитот ќе бидат потпишани нови договори меѓу двете земји.
Трамп беше пречекан од Бин Селман во Кралската палата и му беше приреден официјален прием.
На церемонијата, Трамп и Бин Селман ги пречекаа официјалните претставници и бизнис-лидерите од двете страни, вклучувајќи го и советникот на Трамп, милијардерот Илон Маск, кој имаше краток разговор со нив.
На врвот на агендата на нивните разговори се мноштво политички, безбедносни, одбранбени, економски и инвестициски досиеја, вклучувајќи вештачка интелигенција (ВИ), како и теми од заеднички интерес и регионални досиеја.
Се очекува по нивните разговори да биде објавено официјално соопштение.