Санела Шкриељ и Марија Кочовска ќе бидат нови пратенички на СДСМ во Собранието, потврди денеска Државната изборна комисија. Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега е министерка за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска Стојчевска, која е министерка за култура.
На седницата на Државната изборна комисија едногласно е донесен предлог-финасискиот план за распределба на средства во Комисијата за оваа година.
Потпретседателката на ДИК Дитмитре Шеху информира дека средствата за финансикиот план се плнираат врз база на издвојување од државниот буџет, а парите се предвидени за тековното работење и за платите на вработените.
Благајничкиот максиум е утврден на 300.000 денари, исто како и минатата година.
Усвоен е предлогот на Борис Кондарко, да се разгледа одлука која, како што рече, се однесува за примената на Правилникот по кој се исплатени надоместоците за време на изборен процес за вработените во стручната служба на ДИК, со цел детално да се појасни за што се однесуваат надоместоците за стручната служба.
Кондарко предложи и да се донесе заклучок за да почне соодветна постапка за надградба и усовршување на системот за електронска евиденција за редовност на работа во ДИК, преку воведување на фингер-принт апарат. Членовите на ДИК ги прифатија и овие предлози на Кондарко.