Home » Во првата половина на август изгаснати се 370 пожари

Во првата половина на август изгаснати се 370 пожари

by Журнал.мк

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во првата половина на овој месец изгаснати се 370 пожари.

Вчера започнаа четири нови шумски пожари.

Директорот на ЦУК – Стојанче Ангелов соопшти дека пожари избувнале во Ресен и Охрид на Галичица, на планината Лубин кај селото Цер, во месноста викана Клепало, Беровско и во месноста викано Чупино Брдо, кај кривопаланечкото село Луке.

Од вчера во справувањето со пожарите повторно е вклучена и Армијата, додека на двапати беше активиран и ЕУ-механизмот за помош. Пожарникари, авиони, ер-трактори и опрема испратија Германија, Унгарија, Кипар, Словенија и Србија.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите. Одлуката, како што информира од претседателскиот кабинет, е согласно Законот за управување со кризи, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.

Од 15 јули годинава на сила е целосна забрана за движење во шумите од 06 до 20 часот. Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, забраната ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален.

Оттаму велат дека по барање на „Национални шуми“ е дадена согласност за целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

За непочитување на забраната, на физички лица кои ќе бидат затекнати ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More