Home » Во пожарите горат ендемични видови растенија

Во пожарите горат ендемични видови растенија

by Журнал.мк

Планината Галичица е позната по тоа што е жешка точка на биолошката разновидност во овој дел на светот, а токму во јужниот дел на Националниот парк, којшто се нарекува Стара Галичица веќе десеттина дена беснее пожар. Огнените јазици го зафатија просторот на живеалиштата каде што во најголем број опстојуваат ендемичните видови растенија.

„Под закана се на пример „Уринеа Мицевски“, вид кој е единствено наоѓалиште во светов на Стара Галичица, во околина на врвот Магаро. Тревка е и возможно е да го изгубиме како вид. Од минати пожари со сигурност можеме да тврдиме дека сериозни оштетувања ќе има безрбетната фауна“, вели Андон Бојаџи-Национален парк „Галичица“.

Бојаџи е оптимист дека нема да се изгубат сите ендемични видови, бидејќи доколку се случи тоа ќе се изгубат причините заради кои Галичица е прогласена за Национален парк. Сличен став имаат и еколозите.

„Веднаш после неговото изгаснување треба да се пристапи со изработка на програма за рехабилитација, да се направи добра анализа и покрај тоа да се надеваме дека самата природа ќе изврши регенерација на живиот свет. Ендемските организми таму опстојувале со илјадници години, бидејќи Галичица е рефугиум на разни организми кои опстанале дури од ледено доба“, вели Ѓоко Зороски-инженер по животна средина.

Националните паркови се богатство за државата и треба да имаат приоритет при гаснењето на пожари, вели Зороски.

Но, не само тоа, туку треба да располагаат и со модерни уреди за рано откривање пожари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More