Home » Во последното деноноќие 1.747 повици на 112, десетина пожари на отворено иако е зима

Во последното деноноќие 1.747 повици на 112, десетина пожари на отворено иако е зима

by Журнал

Во последното деноноќие имало вкупно 1.747 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,5 отсто, а 58,5 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 47,97 отсто од реалните повици, кон Итната медицинска помош 41,33, кон пожарникарите 4,43, а кон АМСМ 0,37 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 5,9 отсто со другите 59,59 отсто што се именувани како „неитни повици“, биле на број 981 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи, велат од ЦУК.

Согласно информациите во ЦУК, од регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има „зимски“ пожари на вегетација на отворено, десетина пријавени во последното деноноќие.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека по добиена пријава на 112 во ЦУК за шумски пожар помеѓу селата Морани и Вражеле рид во Општина Студеничани веднаш е известена ЈП „Национални шуми – подружница Караџица“ од Скопје за нивна понатамошна постапка. Во 14:36 часот информираа дека пожарот е на непристапен терен и има само чад и најверојатно е запалено ѓубре. Тимот од ЈП НШ „Караџица“- Скопје користел алтернативен пат односно од другата страна да стигнат поблиску до пожарот оценија дека пожарот и со заладување на времето ќе биде изгаснат. Пожарникарите на БППЗ на Град Скопје од 10:10 до 11:11 часот, со едно противпожарно возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација со површина од 5.000 квадратни метри во село Зелениково (Општина Зелениково). Од 11:25 до 12:10 часот, со едно противпожарно возило и три пожарникари интервенирале на запалено стрниште на Автопат-Скопје-Велес Општина Петровец. Исто така, во изминатото деноноќие имале уште една помала интервенција поради запален контејнер.

Регионалниот ЦУК Битола, информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп во период од 17:43 до 18:40 часот со едно противпожарно возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација кај „Дета Центар“ (Општина Прилеп)

Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица од 14:03 до 15:15 часот со едно противпожарно возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација пред село Просениково, на површина од околу еден хектар. Во период од 18:20 до 18:50 часот со едно противпожарно возило и пет пожарникари интервенирале и на запалени огревни дрва во село Баница близу Домот за зависници (Општина Струмица). ТППЕ Радовиш од 16:04 до 17:20 часот со едно противпожарно возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација во село Оравица на зафатена површина од еден хектар (Општина Радовиш). ТППЕ Гевгелија во период од 15:00 до 17:00 часот интервенирале на запалена нискостебелста шума од Доброволното едно противпожарно друштво со едно противпожарно возило и три доброволци (Општина Дојран).

Регионалниот ЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Кочани од 17:03 до 17:35 часот со едно противпожарно возило и два пожарникара интервенирале на запалена дива депонија и ниска вегетација во близина на Фабриката за вода во месноста „Полатски пат“ (Општина Кочани).

Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Ранковце дека имала една помала интервенција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More