Home » Во Полска запленети над 1 милион порнографски фотографии и видео фајлови со малолетници, уапсени 75 луѓе

Во Полска запленети над 1 милион порнографски фотографии и видео фајлови со малолетници, уапсени 75 луѓе

by Журнал.мк

Полското национално обвинителство денеска соопшти дека во операција ширум Полска уапсени се 75 лица под обвинение за производство, дистрибуирање и чување порнографски материјали.

Акцијата во која учествувале 400 полицајци, била спроведена помеѓу 21 и 25 октомври, при што се запленети повеќе од 1,1 милион порнографски фотографии и видео фајлови со малолетници.

Меѓу запленетите материјали има и фотографии од деца преземени од социјалните мрежи. Тие беа собрани од профилите на нивните родители, а фотографиите беа поставени со отворен пристап.

– Во оваа фаза, тешко е да се каже дека овие луѓе дејствувале како дел од многу јасно дефинирана мрежа, изјави портпаролот на Обвинителството.

Осомничените – 65 мажи и 10 жени на возраст од 16 до 78 години, доколку бидат прогласени за виновни може да се соочат со казна затвор до 15 години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk