Home » Во пералните за коли во Тетово се монтираат водомери за да нема злоупотреби со водата

Во пералните за коли во Тетово се монтираат водомери за да нема злоупотреби со водата

by Журнал.мк

Општинското јавно претпријатие за водовод и канализација Шар од Тетово неделева почна да поствува водомери во пералните за возила со цел да се спречат злоупотреби на досегашниот паушален начин на плаќање. Водомери се поставуваат и во домаќинствата, со цел граѓаните да плаќаат само за потрошената количина на вода.

„Во соработка со сопствениците успеавме да ја завршиме работата брзо и со сите потребни чекори. Се надеваме дека во иднина ќе оствариме соработка со сите сопственици на бизниси за перални на возила кои поради видот на работата користат голема количина на вода. Оваа акција ќе треба да заврши во скоро време, за да продолжи со поставување на водомери и во останатите места“, информираат од ЈКП Шар.

Периодов двата водоснабдителни системи обезбедуваат 390 литри вода во секунда, а за Тетово според бројот на жителите доволни се 350 литри.

„Моментално од новиот водоснабдителен систем Лешница има 140 литри во секунда, а од изворите на Шар Планина или стариот систем има количина на вода од 250 литри во секунда. Вкупно количината на водата што се снабдува градот е 390 литри“, информираат од Општина Тетово.

Од ЈКП „Шар“ и Општина Тетово со апел во овие летни денови рационално да се користи водата за пиење со цел да не се трошат големи количини и на тој начин водоснабдувањето да биде овозможени и во зградите и куќите каде нема хидрофори.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More