Home » Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава

Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава

by Журнал.мк

Во вториот по големина град во Србија, денеска ќе се одржи протест на средношколците против онлајн наставата. Ним им се придружија од синоќа нивни врсници од неколку градови во државата кои пристигнаа пеш или на велосипеди, јави дописникот на МИА од Белград.

Неколку илјади средношколци од цела Србија се собраа синоќа пред железничката станица во Нови Сад, каде што им оддадоа почит на жртвите кои загинаа на тоа место на 1 ноември лани откако се урна бетонска настрешница.

Протестот „Онлајн не е решение“ почнува денеска во 11:52 часот и ќе трае до полноќ. На протестот ќе зборуваат средношколци од неколку градови, а на учениците ќе им се обратат и професори.

На протестот дојдоа средношколци од Белград, Зрењанин, Суботица, Шабац, Обреновац, Ужице, Ваљево, Лозница, Чачак, Горњи Милановац, Пожаревац, Бајина Башта и други градови. Според организаторите, се очекуваат над 1.000 средношколвци од различни делови на земјата. Најголемата група, од околу 650 кандидати, пристигна синоќа од Белград.
„Да покажеме со пример за што се бориме овој пат“, рекоа средношколците од Нови Сад, поканувајќи ги сите да им се придружат на 26 април.

Средношколците од Нови Сад ги пречекаа своите врсници со извици на поддршка, а од Белград пристигнаа последни, по што синоќа имаше огномет.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk