Home » Во недела попладне (6 јули) локално силно невреме во Македонија – ова се деталите

Во недела попладне (6 јули) локално силно невреме во Македонија – ова се деталите

by Журнал.мк

Во недела (6 јули) поради продор на поладен воздух од север на висина, во нашата Република Македонија ќе дојде до локално дестабилизирање на атмосферата, но и покрај ова ќе продолжи многу топлото време со температури кои насекаде ќе надминуваат 30 степени, на многу места тие ќе надминуваат и 35 степени, а во Повардарието локално температурата ќе надмине и 40 степени.

Во попладневните часови, локално ќе се развиваат конвективни грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град, и истиот очекувам да биде покрупен.

И во делови од Скопскиот регион во недела попладне (6 јули) ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме.

Апелирам на голема внимателност во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека траат силните електрични празнења. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно, истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk