Home » Во недела авионско прскање против комарци во Куманово

Во недела авионско прскање против комарци во Куманово

by Журнал.мк

Општина Куманово денеска ги информира граѓаните дека ќе спроведе прва авионско прскање против комарци. Прскањето ќе се спроведе во раните утрински часови по течението на реките и централното градско подрачје.

– Се известуваат граѓаните на Општина Куманово за претстојното авионско прскање против возрасна форма на комарци, кое ќе се изврши на 16 јуни 2024 год. (недела), во раните утрински часови, во временски период 05:00-08:00 часот. Прскањето ќе се реализира на територијата на Општината: по течение на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници „Бабин Дол“ и „Тоде Мендол, централното градско подрачје и прочистителната станица ЈП Водовод – с. Доброшане, со биоцидниот производ КULFAK 50 EC“, информираа од општината.

Пчеларите треба да преземат соодветни заштитини мерки. Доколку временските услови се неповолни, тогаш авионското прскање се одложува за нареден ден.

Општината, како што информираа од Одделението за јавни набавки склучи договор со „Бониер“ за авионско прскање против комарци речиси два милиони денари со данок на додадена вредност. Општината преку посебен тендер склучи договор и со „Плант медика“ за услуги за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари, 796.500 денари со вклучен данок.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More