Home » Во најскоро време – секундарна гасификација на Македонија, како решение за аерозагадувањето

Во најскоро време – секундарна гасификација на Македонија, како решение за аерозагадувањето

by Журнал.мк

Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити од Тетово порача дека иако се работи согласно акцискиот план со краткорочни мерки против загадувањето, уште повеќе општеството треба да се занимава со подолгорочниот пристап, односно да се спречат причините, наместо последиците.

Според него, промената на начинот на греење е фокусот на подолгорочните мерки.

„Домаќинствата и индустриите во зимскиот период користат секакви средства за греење. Затоа преку зима има проблеми, а нема преку лето. Главна иницијатива ќе биде веднаш, во најскоро време да почнеме постапка за секундарна гасификација на цела Македонија, а посебно на урбаните средини. Воедно ќе се градат и гасни централи кои ќе помогнат на граѓаните да им понудиме алтернатива гасификација и топлинска енергија, а ќе продолжиме и со проектите како што се набавка на инвертери, такси со електрични возила и слично“, изјави Меџити.

Тој посочи дека има препорака општините да формираат општинска полиција чиј главен фокус ќе биде екологијата.

На прашањето до тетовскиот градоначалник Биљал Касами, дали за намалување на аерозагадување се преземаат краткорочни мерки согласно акцискиот план, тој одговори дека општинската инспекција секојдневно ги казнува несовесните фирми и домаќинства кои користат несоодветни начини на нивните домови и фабрики.

Според Касами, секојдневно се постапува и по мерките и од Министерството за животна средина и просторно планирање и на општинската стратегија за подобра животна средина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk