Home » Во мултиполарниот свет сите се во добивка

Во мултиполарниот свет сите се во добивка

by Журнал.мк

Врвни научни истражувачи од различни делови на светот имаа излагања на меѓународната научна конференција насловена „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“, одржана во изминатите два дена во хотелот „Александар палас“ во Скопје, во организација на Центарот за глобални промени при Филозофскиот факултет во Скопје, под водство на професорката Билјана Ванковска.
Со свои излагања во плодната дискусија учествуваа професор Џанг Веивеи од Кина, проф. Радика Десаи од Канада, проф. Ричард Саква од Обединетото Кралство, д-р Јан Оберг од Транснационалната фондација за истражување на мирот. Учесниците на конференцијата беа поздравени и од амбасадорите на НР Кина и на Руската Федерација во Македонија, Су Леи и Сергеј Баздникин.
Јан Оберг од Транснационалната фондација за истражување на мирот, кој важи за добар познавач на состојбите на Балканот, посочи дека Македонија е држава што најмногу страдала од концептот на западната политика. Во полза на неговото тврдење, тој наведе два примера од независноста на земјава – економската блокада од страна на Грција во 90-тите години од минатиот век и бегалската криза од Косово во 1999 година.
Кинеската визија и пристапот за мултиполарен свет, која ја претпочита меката моќ во меѓународните односи, наспроти исклучивоста и едностраноста на унилатерализмот, беше претставена од професорот Џанг Веивеи, декан на Кинескиот институт на универзитетот „Фудан“, кој е познат и како кинескиот Фукујама. Пристапот на Кина во градењето на односите со другите држави во светот, и покрај фактот дека е голема светска сила, според професорот Џанг Веивеи, е насочен кон градење пријателства, мирно решавање на проблемите, со преговори и инвестиции во мирот, образованието, технолошкиот развој…
– Мултиполарниот свет е вин-вин ситуација, со секоја друга опција, сите се во загуба – нагласи професорот Џанг Веивеи.
Професорката Радика Десаи од Канада направи споредба меѓу мултилатерализмот наспроти империјалистичкиот супранационализам, осврнувајќи се на темата „Кризата на западниот империјализам: Можност за светското мнозинство“. Професорот Ричард Саква од Обединетото Кралство, пак, ја изнесе својата дефиниција за мултиполаризмот, како антихегемонистички концепт.
Тематските панели на конференцијата опфатија широк спектар на најургентни и најсериозни проблемски теми од областа на меѓународната безбедност, геополитиката и геоекономијата. Други учесници на панел-дискусиите во рамките на конференцијата беа Игор Радев, Клеменс Хучел, Отилија Софрон, Жидас Даскаловски, Дејан Маролов и Јованка Галева, Булент Сарпер Агир, Билјана Ванковска, Тони Милески, Константин Миноски и Антоанела Петковска, Адриан Вотерс, Јован Пејковски, Сања Јелисавац-Трошиќ, Митко Арнаудов, Данило Бабиќ, Онцел Сенцерман и Благица Сековска. Во организацијата на конференцијата како помагач учествуваше и Матицата на иселениците од Македонија. Н.М.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk