Home » Во Мостар жена убиена од нејзиниот партнер – насилникот бил на слобода иако пукал и во бившата сопруга

Во Мостар жена убиена од нејзиниот партнер – насилникот бил на слобода иако пукал и во бившата сопруга

by Журнал.мк

Вечерва во Мостар, во Херцеговина, почина 39-годишна жена која попладнето била застрелана со огнено оружје од нејзиниот партнер, јавија локалните медиуми. Ова го потврди Људевит Мариќ, портпарол на Полициската управа на МУП на Херцеговско-неретванскиот кантон.

Како што соопштија од болницата, несреќната жена била примена на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување со тешки повреди нанесени од огнено оружје, и била оперирана. Но, и покрај напорите на лекарите, таа им подлегнала на повредите.

Нејзиниот партнер, со кого живеела, Ѓ.Ѓ. (46) е уапсен, потврди дежурната обвинителка. Како што рече таа, преземени се сите потребни истражни дејствија со цел да се утврдат сите факти и околности за овој трагичен настан кој ги вознемири жителите на Мостар.

Соседите ја повикале полицијата откако слушнале истрели од станот на двојката.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk