Home » Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

by Журнал.мк

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска со отворање на изложбата од Јад Вашем – Израел, насловена „Аушвиц – место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“, која претставува единствена визуелна документација за страдањата на Евреите депортирани во Биркенау, е одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот.

МНР одбележување Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот 1

Како што објави на неговиот Фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, тој во неговото обраќање ја истакнал важноста од паметењето на трагичните настани од Холокаустот и оддадов почит на жртвите, особено на македонските Евреи кои во 1943 година беа депортирани во Треблинка.

МНР одбележување Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот 2

– Нагласив дека, како полноправна членка на ИХРА, нашата држава останува посветена на борбата против антисемитизмот и искривувањето на историските факти. Верувам дека преку доследна едукација на младите генерации ќе можеме да спречиме антисемитски акти и омраза во сите нивни форми. Овој ден е потсетник на нашата должност да се спротивставиме на предрасудите и омразата, но и можност да го потврдиме нашиот заеднички ангажман во зачувувањето на вредностите како плурализмот, разновидноста и слободата. Се надевам дека преку вакви активности ќе продолжиме да го негуваме сеќавањето и да го пренесуваме значењето на оваа трагедија на идните генерации, напиша Муцунски на фејсбук.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk