Home » Во Македонија во моментов над 200 пациенти чекаат трансплантација на орган

Во Македонија во моментов над 200 пациенти чекаат трансплантација на орган

by Журнал.мк

Во Македонија во моментов има над 200 пациенти кои чекаат трансплантација на орган. Оваа листа е динамична и постојано се менува, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, на денешната прес-конференција во Министерството за здравство.

Со оваа последна, успешна кадаверична трансплантација каде што за многу краток рок беа пуштени дома сите пациенти – и двата пациента кои примија бубрег и пациентот кој доби црн дроб, складирани се во коскената банка коски и лигаменти, ткива, додаваме уште една бројка во статистиката на трансплантацијата. Но, целта на денешната прес-конференција е не само да информираме дека статистиката на трансплантација во Македонија се зголемува, туку да истакнеме за значењето на органдонорството и значењето на трансплантацијата. Зад секоја статистика стојат животи, стојат приказни за надеж, стојат приказни за болка, за жал понекогаш и приказни за лична загуба, истакна Кузмановска.

Надлежните на денешната прес-конференција информираа за две сложени интервенции извршени на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје.

Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Огнен Костовски рече дека на 12 и 13 март биле извршeни кадавeрични трансплантации на црн дроб, два бубрега.

Нешто подоцна, фондовски поддржана, извршена била прва баријатрична процедура на пациент. Два дена траела вкупната хоспитализација.

Ова е петта кадаверична трансплантација на црн дроб со најуспешен тек, подвлече Костовски.

Тој рече дека трендот продолжува и оти во иднина ќе се прават сите подготовки за почнување трансплантациски процес од жив дарител.

Задоволство од денешниот настан изрази и министерот за здравство Арбен Таравари.

Во оваа прилика, како највисок чин на хуманост, би сакал да се заблагодарам на семејствата, кои во најтешките моменти на загуба, покажуваат големина и хуманизам, благодарение на што се спасуваат човечки животи или се подобрува квалитетот на живот на пациентите, рече министерот.

Тој им се заблагодари и на сите здравствени работници.

Во оваа прилика би сакал да истакнам дека сме посебно фокусирани на едукација и надградба на знаењата, а планирани се и новини во областа на трансплантацијата, најави министерот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk