Заклучно со 15.01.2022, вакцинирани се вкупно 862.972 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 838.997 лица, а со трета доза се вакцинирани 117.521 лица.
Со една доза на вакцина против COVID-19, во државата и странство, вакцинирани се 51,8% од населението над 18 годишна возраст, односно 47,8% од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 41,7%.
Опфатот со две дози на вакцина против COVID-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,3%, односно 46,5% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,6%.