Home » Во Македонија 100 проценти од средношколците учат странски јазик

Во Македонија 100 проценти од средношколците учат странски јазик

by Журнал.мк

Северна Македонија е меѓу петте земји во Европа каде што 100 проценти од средношколците учат странски јазик во училиштата, покажува анализата на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци на „Евростат“. Покрај земјава, сите средношколци изучуваат странски јазик и во Лихтенштајн, Малта, Романија и Шведска.

Образовниот систем е една од причините поради која многу луѓе во Европа можат да зборуваат странски јазик. Три четвртини од сите средношколци во европските земји учат еден или повеќе странски јазици. Иако тоа не гарантира дека овие ученици на крајот ќе можат да ги зборуваат јазиците што се учат, тоа им обезбедува алатки за да го стекнат тоа знаење.

Најмал удел на средношколци кои учат странски јазик има во Данска (76,0%) и во Исланд (80,2%). Сепак, овие две земји се познати по тоа што имаат население кое одлично зборува англиски.

Во Бугарија странски јазик учат 98,8 отсто од средношолците, во Хрватска 98,6, Словенија 97,8, во Грција 95,3, а во Германија 87,8 проценти.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More