Home » Во кумановскиот затвор се самоуби Усеин Рашидов: Беше осуден на доживотна робија за свирепото убиство на Танкица Маладеновска од Кочани

Во кумановскиот затвор се самоуби Усеин Рашидов: Беше осуден на доживотна робија за свирепото убиство на Танкица Маладеновска од Кочани

by Журнал.мк

Усеин Рашидов кој лани на свиреп начин ја уби Танкица Маладеновска од Кочани, утринава е пронајден мртов во притворската ќелија.

Ненад Цветковиќ, директор на Затвор Куманово во селото К’шање за МИА ја потврдува информацијата дека телото на осуденото лице е пронајдено околу 6 часот.

Тој посочува дека се известени Јавното обвинителство и Судот, а телото е предадено на обдукција.

Рашидов беше осуден на доживотна казна затвор за стореното свирепо убиство, кој лани со 40 убоди ја усмрти Танкица.

Пресудата на Основниот суд во Кочани се уште не е правослина, бидејќи течат жалбените постапки, а во овој суд во тек беше и постапката за Рашидов за сторено кривично дело уцена, бидејќи со години изнудувал пари и ја уценувал Танкица со компромотирачки фотографии.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More