Home » Во Кривичен суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со испитување на сведоци на одбраната. Како сведок на одбраната денеска беше повикан Зоран Петковски од Куманово, кој е член на комисијата за безбедност во партијата Десна. Тој рече дека имал комуникација со обвинетиот Љупчо Палевски на 27.11.2023 година, денот кога беше убиена Вања. – Advertisements – „Комуникацијата со Палевски беше во раните утрински часови, во време помеѓу 8.20 и 9 часот на таен канал за електронска комуникација преку апликацијата Телеграм, креиран од Љупчо Палевски. Разговаравме за иранските дронови шахиб, за набавка од Србија, трансфер преку Србија од Ирак. Добив задача од Палевски да приберам информации во врска со тоа и да го известам заедно со членовите на Комисијата за безбедност“ рече Петковски. Тој рече дека бил повикан во СВР Скопје во полициска станица Пролет, на 05.02.2024 година во раните утрински часови. Началникот Зарински, според сведокот на одбраната, му кажал дека признанието за убиството на велешанецот го добиле од Боре по стари методи, покажувајќи му дупка во зидот од канцеларијата. „Поучен од работниот век во безбедносните структури, АРМ и МВР, пред да влезам во полициската станица, иако знам дека не смеам, вклучив уред, диктафон, на кој го снимив целиот разговор. Разговорот течеше крајно коректно и пријателски. Се одвиваше во канцеларијата на началникот Драган Зарински, на кој присустуваше и началникот на Единицата Дејан Димовски и уште еден инспектор кој не се евидентираше. Разговорот траеше час и половина. Откако виде дека се работи за поранешни припадници на безбедносни сили, Тони е професор на воената академија Михајло Апостолски, сега пензионер, а јас бев на Полициската академија во Центарот за обука, разговорот премина во пријателска атмосфера и ни беа изнесувани моменти и информации во врска со кривично-правните настани од 22 и 27 ноември 2023 година во Велес и во Скопје. Некаде во 54. минута од снимениот разговор, инспекторот Зарински ме праша „Го познаваш ли Боре?“ Му одговорив потврдно. Веднаш потоа со десната рака покажа дупка во ѕидот, десно од неговиот работен стол, и ми кажа „Ете тоа е од Боре. И ова не смеам да ти го кажувам, но користевме стари методи за добивање признание.“ Не ми е чудно, затоа што и самиот потекнувам од една таква структура, но сметам дека е битно ако признанието на Боре е изнудено со сила, односно со тепање и мислам дека судот треба да го земе тоа предвид – рече сведокот. Сведокот Петкосвки понатаму изнесе тврдење дека му било кажано од началникот како Влатко Кешишев слушал од надвор и влегол со признание дека Боре и Вељо му го донеле во гепекот. Прашан од обвинителката за димензиите на дупката, сведокот прецизно ја опиша, 15 см од местото на бирото на началникот со пречник од 12 см. Судењето продолжува на 5 март со сведоци на одбраната, исказ пред судот најави и Палевски.

Во Кривичен суд продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со испитување на сведоци на одбраната. Како сведок на одбраната денеска беше повикан Зоран Петковски од Куманово, кој е член на комисијата за безбедност во партијата Десна. Тој рече дека имал комуникација со обвинетиот Љупчо Палевски на 27.11.2023 година, денот кога беше убиена Вања. – Advertisements – „Комуникацијата со Палевски беше во раните утрински часови, во време помеѓу 8.20 и 9 часот на таен канал за електронска комуникација преку апликацијата Телеграм, креиран од Љупчо Палевски. Разговаравме за иранските дронови шахиб, за набавка од Србија, трансфер преку Србија од Ирак. Добив задача од Палевски да приберам информации во врска со тоа и да го известам заедно со членовите на Комисијата за безбедност“ рече Петковски. Тој рече дека бил повикан во СВР Скопје во полициска станица Пролет, на 05.02.2024 година во раните утрински часови. Началникот Зарински, според сведокот на одбраната, му кажал дека признанието за убиството на велешанецот го добиле од Боре по стари методи, покажувајќи му дупка во зидот од канцеларијата. „Поучен од работниот век во безбедносните структури, АРМ и МВР, пред да влезам во полициската станица, иако знам дека не смеам, вклучив уред, диктафон, на кој го снимив целиот разговор. Разговорот течеше крајно коректно и пријателски. Се одвиваше во канцеларијата на началникот Драган Зарински, на кој присустуваше и началникот на Единицата Дејан Димовски и уште еден инспектор кој не се евидентираше. Разговорот траеше час и половина. Откако виде дека се работи за поранешни припадници на безбедносни сили, Тони е професор на воената академија Михајло Апостолски, сега пензионер, а јас бев на Полициската академија во Центарот за обука, разговорот премина во пријателска атмосфера и ни беа изнесувани моменти и информации во врска со кривично-правните настани од 22 и 27 ноември 2023 година во Велес и во Скопје. Некаде во 54. минута од снимениот разговор, инспекторот Зарински ме праша „Го познаваш ли Боре?“ Му одговорив потврдно. Веднаш потоа со десната рака покажа дупка во ѕидот, десно од неговиот работен стол, и ми кажа „Ете тоа е од Боре. И ова не смеам да ти го кажувам, но користевме стари методи за добивање признание.“ Не ми е чудно, затоа што и самиот потекнувам од една таква структура, но сметам дека е битно ако признанието на Боре е изнудено со сила, односно со тепање и мислам дека судот треба да го земе тоа предвид – рече сведокот. Сведокот Петкосвки понатаму изнесе тврдење дека му било кажано од началникот како Влатко Кешишев слушал од надвор и влегол со признание дека Боре и Вељо му го донеле во гепекот. Прашан од обвинителката за димензиите на дупката, сведокот прецизно ја опиша, 15 см од местото на бирото на началникот со пречник од 12 см. Судењето продолжува на 5 март со сведоци на одбраната, исказ пред судот најави и Палевски.

by Журнал.мк

Тања Чачрова-Илиевска не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што очекува премиерот Христијан Мицкоски по поднесената интерпелација за членови на Судскиот совет, меѓу кои е и таа. Чачарова-Илиевска, која пред две недели рече дека и треба време да ја анализира интерпелацијата за да заземе став, денес одговори на наводите во интерпелација.

„Јас тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судскиот совет и затоа, да ви кажам искрено, не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност за да поднесам оставка. Интерпелацијата нема индивидуализирано кои дејствија, кои постапки јас како член поединец на Судскиот совет сум ги презела несовесно, незаконито кои би можеле да ми се стават на товар заради таквиот извештај на работа во Судскиот совет и воопшто за работата на целиот Судски совет“, рече Чачарова- Илиевска.

Во одговорот на интерпелацијата таа навела дека како што е поднесена, интерпелацијата упатува на интерпелација на Судскиот совет како колективно тело.

„Сметам дека тоа е диксриминаторски однос спрема челновите на Судскиот совет кои согласно Устав и закон се еднакви и рамноправни. Прекршено е начелото на еднаквост на челновите на Судскиот совет. Понатаму наведов дека е дискутабилна можноста или правото на Собранието за поднесување интерпелација на член на Судскиот совет имајќи го предвид фактот дека интерпелацијата е механизам на политичка контрола врз носителите на јавни функции“, вели Чачарова- Илиевска.

Таа посочи дека во членот 68 од Уставот, каде што се наведени надлежностите на законодавната власт има одредба во која е наведено на кого може да му врши контрола Собранието преку механизмот интерпелација. Таму се наведени носители на јавни функции кои што се одгворни пред Собранието, Владата и секој член на Владата, но не и носителите на јавни функции од судството.

„Сметам дека ова е преседан во досегашната парламентарна историја на Република Северна Македонија, кој што може да има далекусежни последици. Прво, затоа што може да доведе до некои чудни, нелогични и неуставни појави во иднина, може да се случи некој да поднесе интерпелација на членови на Уставниот суд, на судиите од Уставниот суд затоа што овде па и Собранието ги избира членовите на Уставниот суд, а и тие се носители на јавни функции. Понатаму на сите судии, на обвинителите што е недозволиво и претставува упад на законодавната власт во судската власт и нормално, кршење на една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, а тоа е поделба на власта на законодавна, судска и извршна власт“, вели Чачарова- Илиевска.

Таа укажа дека за интерпелацијата веќе има реакции од домашната сручна јавност, но и од надворешни фактори вклучително ЕУ како и Стејт департментот. Токму затоа Чачарова-Илиевска смета дека треба многу внимателно да се пристапи кон прашањето за интерпелацијата и да се сфати дека таа е механизам за политичка контрола заради утврдување политичка одговорност кај носители на јавни функции кои се одгворни за својата работа пред Собранието.

„Поврзувањето на фактот што не е усвоен извештајот за работа на Судскиот совет за 2023 година и тоа им служи како основа за поднесување на интерпелацијата, сметам дека е апсолутно незаконски, неуставно, недопуштено во конкретниот случај, бидејќи ако го читаме Законот за Судскиот совет, во духот на законот членот 100 во кој се дава можности да се отвори расправа во случај на неусвојување на годишен извештај за работа на Судскиот совет, впрочем, упатува за зајакнување на соработката меѓу судската власт и законодавната власт во однос на решавање на проблемите кои се утврдени во извештајот на Судскиот совет како проблеми во судството заради заедничко надминување“, нагласи Чачарова-Илиевска.

Освен за Чачарова-Илииевска интерпелации се поднесени и за Весна Дамева, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми, односно петтемина членови на Судскиот совет, избрани во Собранието.

Членот на Сускиот совет Милазим Мустафа, денес рече дека одговориле по сите основи наведени во интерпелацијата и откако ќе завршат псите процедури во Собранието се надева на позитивен исход.

Барањето за интерпелација на членовите на Судскиот совет во Собранието на почетокот на месецов го поднесоа пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, „Влен“ и ЗНАМ поради негрижа, нарушување на угледот на судиите и загрозување на довербата на граѓаните во судството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk