Home » Во Кривичен суд денеска пресуда за Васил Јованов за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

Во Кривичен суд денеска пресуда за Васил Јованов за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

by Журнал.мк

Во Оснопвниот кривичен суд денеска е закажано рочиште во кое ќе биде објавена пресудата за Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје. Сообраќајката се случи во јануари годинава во близина на Универзална сала.

Според обвинението, Јованов на 29 јануари без возачка дозвола управувал возило со брзина од 91 километри на час. На пешачки премин на црвено светло удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло. Кулакова од силината на ударот починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов, е предвидена затворска казна до 20 години.

ЈО поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, кој се товари за кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според обвинението, тој му дозволувал на својот син да управува со патничко моторно возило „Пежо 207“ и покрај тоа што знаел дека е сторител на сообраќајни прекршоци и дека нема возачка дозвола.

На минатото рочиште се изведуваа докази кои се однесуваат на висината на казната, а Јованов го призна делото.

Обвинителот Александар Марковски, како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од три години и десет месеци и пет прекршочни постапки кои не се процесуирани за разни сообраќајни прекршоци.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk