Home » Во „Козле“ дневно има до 200 деца на преглед, грип и ковид-19 ги полнат болниците

Во „Козле“ дневно има до 200 деца на преглед, грип и ковид-19 ги полнат болниците

by Журнал

Последниов период во детската клиника „Козле“ е големен бројот на деца кои доаѓаат на преглед поради покачена температура и сезонски вирус.

Според докторите од оваа клиника, дневно на преглед имаат и до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти.

Доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар во оваа болница изјави дека во моментов има околу шеесетина хоспитализирани деца.

„Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година“, појасни Поповска.

Таа додаде дека и во декември ги имале приближно истите бројки на пациенти.

Директорот на Институот за јавно здравје Шабан Мемети, пак, информира дека вкупно 72 случаи на ковид-19 се регистрирани од 25 до 31 декември.

Најмногу од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп, 10 во Охрид.

Според директорката Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ во последните 24 часа на Клиниката прегледале 22 лица со грип.

„Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава“соопшти таа.

На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест.

„Имаме вкупно четири пациенти на клиниката“,рече Стевановиќ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More