Home » Во Колумбија уапсена смртоносната „кукла“, 23-годишна девојка убивала по нарачка

Во Колумбија уапсена смртоносната „кукла“, 23-годишна девојка убивала по нарачка

by Журнал.мк

Колумбиската полиција ја уапси 23-годишната Карен Јулија Охеда Родригез, позната на локалните власти како „La Muñeca“ („Куклата“), која е обвинета за серија убиства што таа наводно ги извршила во име на криминалната организација „Los de la M“.

Меѓу жртвите на младата жена – платен убиец, според тамошните медиуми, е и нејзиниот поранешен партнер, Дејви Хесус, кој беше убиен минатиот јули во заседа во областа Пидекеста.

Карен Охеда Родригез, која некои ја сметаат за најопасниот убиец во регионот Сантандер, беше уапсена заедно со двајца наводни соучесници во голема полициска операција. Кај нив било пронајдено оружје кое било испратено на балистичка анализа.

Според она што го знаат властите, 23-годишната девојка почнала да ја проширува својата криминална активност, преземајќи водечка улога во мрежата на џелати која ширела терор во областа. Членовите на групата имале многу конекции што им овозможило без потешкотии да ги убијат целните лица.

Убиството на нејзиниот поранешен партнер Дејви Хесус открива колку била безмилосна 23-годишната девојка.

Хесус наводно добил повик од Охеда Родригез, која го замолила да се состанат за да решат финансискиот спор. За време на средбата, двајца мажи на мотори смртно го застрелале, а наводно тоа го нарачала самата „Кукла“.

Апсењето на Охеда Родригез го враќа во прв план проблемот со зголеменото насилство во Сантандер, со главниот град Букараманга, кој во просек бележи убиство на секои три дена. Според полицијата во Букараманга, само во првиот квартал од 2024 година биле регистрирани 30 убиства, при што бројот се искачил на 26 во 2022 година. Овие злосторства главно се извршени во контекст на „сметки“ од банди или се резултат на домашни насилство.

Портпаролот на полицијата изјави дека апсењето на „Куклата“ и нејзините соучесници претставува важен чекор напред во справувањето со криминалните организации кои шират смрт во регионот. Властите се надеваат дека со тројцата криминалци во затвор, ќе има период на релативна смиреност во однос на криминалните активности во Сантандер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk