Во декември лани, вработените во воздухопловен транспорт земале нето плати од 118.949 денари, објави Државниот завод за статистика.
Во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности нето платите изнесувале во просек 79.180 деанри, а информации и комуникации земале нето плати од 59.019 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесувала 29.943 денари.
Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (13.1 %), Градежништво (12.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12.1 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (10.4 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.1 %) и Градежништво (7.6 %).