Home » Во изминатите два дена 1.452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење

Во изминатите два дена 1.452 сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење

by Журнал.мк

На подрачјата на сите осум Сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена полицијата издаде вкупно 1.452 казни за сообраќајни прекршоци. Според статистичките податоци што ги објави Министерството за внатрешни работи и натаму најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 се однесуваат на непрописно паркирање, а 258 се однесуваат на непочитување на брзината на движење.

По однос на останатите евидентирани прекршоци, за непоседување на возачка дозвола изречени се 132 санкции, потоа дури 162 мерки за некористење на сигурносен појас, како и 44 прекршоци за возачите на мотоцикл за неносење на заштитна кацига. Потоа следат 85 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, како и 11 прекршоци што ги сториле пешаците – соопшти МВР.

Во рамки на контролите, исто така во четири случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 21 возач управувал возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, а евидентирани се и 15 прекршоци за нерегистирани возила и за техничка неисправност согласно Законот за возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk