Италијанската полиција денеска соопшти дека 27 лица се уапсени во рамките на паневропската операција против две групи дилери на дрога, од кои едната користела мигранти како курири.
Осомничените се уапсени во Италија, Албанија и Шпанија, се наведува во соопштението на италијанските карабинери, пренесува Ројтерс.
Дваесет од уапсените се задржани во притвор, додека на седуммина им е одреден домашен притвор, се додава во соопштението.