Home » Во Иран студентка се соблече по долна облека во протест по малтретирањето од страна на моралната полиција

Во Иран студентка се соблече по долна облека во протест по малтретирањето од страна на моралната полиција

by Журнал.мк

Иранските власти вчера уапсиле студентка, откако таа вознемирена поради малтретирањето од страна на моралната полција за начинот на кој била облечена со се соблекла по долна облека и седнала пред нејзиниот универзитет.

Таа претходно била малтретирана пред Универзитетот за наука и истражување Азад во Техеран од членови на милицијата Басиџ кои и ја искинале шамијата и облеката, објавија неколку новински куќи и канали на социјалните мрежи надвор од Иран.

Вознемирена, во знак на протест, ја соблекла облеката и седнала пред универзитетот облечена само во долна облека.

Согласно задолжителниот кодекс за облекување во Иран, жените мора да носат шамија во јавна и лабава облека која не ги открива телесните контури.

Снимките се чини дека се направени од соседната зграда.

А на второто видео се гледа како мажи во цивилна облека ја ставаат девојката во автомобил и ја носат на непозната локација. Билтенот Амир Кабир наведува дека при апсењето била тепана.

Иранската конзервативна новинска агенција Фарс го потврди инцидентот во извештајот, објавувајќи слика со студенткста потполно замаглена.

Во него се вели дека таа носела „несоодветна облека“ на час и „одземена“, откако наводно била “мирно” предупредена од чуварите на безбедноста да се придржуваат кон кодексот за облекување.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk