8 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Во Ирак уапсени родители кои го продавале својот 5-годишен син за 7.000 долари

Најчитани вести

Ирачките безбедносни власти уапсиле маж и жена кои се обидувале да го продадат својот петгодишен син во областа Карада во главниот град Багдад, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува „Мидл Ист монитор“.

„Ирачката разузнавачка служба доби информација во врска со операција за трговија со луѓе што вклучува продажба на дете од неговите родители“, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека е формиран технички тим за следење на операцијата.

Според изјавата, интензивирањето на разузнавачките напори довело до апсење на осомничените, кои го продавале своето петгодишно дете за 10 милиони ирачки динари (околу 7.000 американски долари).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести