Home » Во Грција делумно излетал од шини дел од товарен воз што сообраќал од Гевгелија за Солун

Во Грција делумно излетал од шини дел од товарен воз што сообраќал од Гевгелија за Солун

by Журнал.мк

Дел од втората локомотива на товарен воз што сообраќал од Гевгелија за Солун, синоќа делумно излетал од шините во близина на градот Поликастро во северна Грција, а според генералниот секретар на синдикатот на вработени во Организацијата на грчките железници (ОСЕ) поради нанесената штета на шините за околу две месеци ќе биде затворена рутата Скопје-Солун.

Од грчката компанија „Hellenic train“ денеска кусо соопштија дека вчера во 21:25 часот во близина на Поликастро дошло до „делумно излетување од шините на задната оска на втората локомотива на товарниот воз 45201, кој сообраќаше на релација Гевгелија – Солун“ и додадоа дека не постоела никаква опасност за безбедноста на персоналот, а компанијата соработува со надлежните органи за да се истражат причините за излетувањето од шините.

Од друга страна, генерален секретар на Синдикатот на вработени во ОСЕ Никос Цикалакис за информативниот портал „Карфица“, објаснил дека екипи се на терен за да се процени ситуацијата и можно е да се затвори станицата кај Идомени за да се санира предизвиканата штета.

– Според првичните информации, штетата е над четири километри, па европската рута на земјава од Скопје ќе биде затворена два месеци – рекол Цикалакис и додал дека ќе постои само линијата од Бугарија и само оваа ќе се користи за меѓународен сообраќај.

Информацијата дека поради штетата на шините, меѓународната линија преку Скопје, се очекува да остане затворена околу два месеци ја пренесе и државната телевизија ЕРТ повикувајќи се на извори од ОСЕ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk