19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Во Грција ќе се вакцинираат по околу 8.000 лица дневно

Најчитани вести

Можноста за вакцинација на дневно ниво ќе се зголеми од 5.000 на 8.000 лица, а можеби и малку повеќе, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на редовниот состанок со надлежните министри за ситуацијата со Ковид-19 во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис го изрази неговото задоволство од фактот што процесот на вакцинација, досега, се одвива „со задоволително темпо, методично, безбедно, транспарентно и што е најважно, без грешки“.

Според податоците на специјалниот сајт за вакцинацијата во Грција, заклучно со вчера во 17.40 часот, првата доза од вакцината ја примиле 26.006 лица.

Вакцинацијата во Грција започна на 27 декември, а од понеделник ќе биде отворена специјалната платформа за граѓаните за закажување термин за вакцинација, додека, пак, приоритет имаат лицата, кои се над 85-годишна возраст. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести