Home » Во Гостивар, автомеханичар се обидел да го убие муштеријата: ОЈО бара притвор за осомничениот

Во Гостивар, автомеханичар се обидел да го убие муштеријата: ОЈО бара притвор за осомничениот

by Журнал.мк

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничен за кривично дело убиство во обид, како и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи.

Како што информира ОЈО, осомничениот вчера со пиштол, кој го поседувал без дозвола, се обидел да лиши од живот лице кое дошло во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.

– Околу поправката настанала вербална расправија меѓу нив, по што оштетениот го турнал осомничениот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, осомничениот влегол во куќата и револтиран го зел пиштолот “Црвена застава” со калибар 7,65 мм што го поседувал неовластено и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото, информира ОЈО.

Бидејќи постојат законските основи, јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk