Home » Во Германија има побарувачка за 700.000 работни места

Во Германија има побарувачка за 700.000 работни места

by Журнал

„Во периодот од јуни 2022 година до јуни 2023 година, 53.000 Украинци се вработиле во Германија, а во исто време се вработиле 24.000 Индијци “, изјави директорката на Федералната канцеларија за вработување, Андреа Налес.

Таа рече дека лани најголем број од оние кои се вработиле во Германија се од некоја од земјите надвор од Европската унија.

„Тој тренд ќе продолжи и во иднина“, вели Налес, посочувајќи на демографската состојба во Германија, но и фактот дека сѐ помалку граѓани од новите земји на Европската унија доаѓаат да работат во Германија.

„Тие се соочуваат и со демографски проблеми и со намалување на бројот на работоспособни граѓани“, вели Налес.

И покрај благото зголемување на стапката на невработеност, во Германија се уште има 700.000 непополнети работни места.

„Оние кои моментално немаат работа, без разлика дали се староседелци или имигранти, ќе биде сѐ потешко и потешко да најдат работа. Затоа што најчесто се работи за луѓе кои се постари или кои немаат никакви квалификации“, изјави Налес.

Сојузниот министер за труд Хубертус Хајл исто така изјави дека рекордниот број вработени во Германија е директно поврзан со имиграцијата.

„217.000 вработени повеќе од пред една година се само на сметка на имигрантите надвор од Европската унија“, рече Хејл за време на дебатата во Бундестагот.

Во Германија во моментов има 2,8 милиони работоспособни луѓе без постојано вработување, што одговара на стапка од 6,1 отсто.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk