Home » Во гаснењето на пожарот кај Дебар вклучени два „ер трактори“

Во гаснењето на пожарот кај Дебар вклучени два „ер трактори“

by Журнал.мк

Во договор со Центарот за управување со кризи, и Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето на пожарот се вклучија и два „ер трактори“ и се надеваме истиот во текот на денов да го ставиле под контрола. Бидејќи имаше опасност да се прошири до селото, најпрво гасневме на северниот дел, каде е ставен под контрола, рече за МИА, Џетан Мифтароски, командир на Територијалната против пожарна единица.

Додаде дека дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и жители од село Горно Косоврасти, кои и вчера гаснеа, денеска се ангажирани од наутро од 3 часот.

Станува збор за недостапен предел, стрмен предел, под падините на планината Дешат.

Пожарот до сега зафатил над 30 хектари нискостеблеста шума и трева.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More