Home » Во една кафена лажичка лушпи од јајца има 800 мг калциум

Во една кафена лажичка лушпи од јајца има 800 мг калциум

by Lina Muslija

Лушпата на јајцето содржи големо количество калциум за коските – 800 мг во една кафена лажичка. Најпознат извор на калциум, неопходен за градење на коските, се млекото и млечните производи. На телото му требаат околу 1.000 мг калциум дневно, а само 30-40 проценти од она што го консумираме од храната може да се апсорбира. Затоа треба многу да внимавате на количеството млеко и млечни производи, како и на другите намирници богати со овој минерал. Несоодветното внесување калциум може да предизвика губење на коскената густина и развој на остеопороза. Затоа доколку немате доволно калциум во исхраната, особено ако не можете да консумирате млеко и млечни производи, треба да земате додатоци во исхраната, а лушпите од јајцата се евтина опција.

Според некои истражувања, бидејќи лушпата од јајцето содржи калциум карбонат, таа се апсорбира дури и подобро од калциумот од храната. Содржи и магнезиум, бор, бакар, железо, манган и цинк, сите корисни состојки за градење на коските. За да може да се користи лушпата, најдобро е јајцата да бидат од кокошка, а потребно е добро да се сварат за да се исклучи ризикот од салмонела. Потоа исушете ги лушпите и измелете ги во блендер. Важно е да се добие многу фин прав, а една кафена лажичка содржи 800 мг калциум. Ова е количеството што се добива од лушпата на едно јајце. Не треба да го зголемувате количеството калциум, бидејќи тоа може да доведе до грчеви во мускулите.

Несомелените лушпи од јајца не смеат да се користат за човечка исхрана, бидејќи острите рабови на парчињата може да ја повредат слузокожата на грлото и хранопроводникот. Исто така, најдобро е дозата да се подели на неколку оброци во текот на денот, бидејќи телото не може да апсорбира повеќе од 500 мг калциум одеднаш. Може да користите прашок од лушпи од јајце во хранат атака што го додадете во тесто за леб или во сос за шпагети. Може да се измеша во сок и да се пие, бидејќи желудочната киселина лесно го раствора.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk