1 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Во Драч започна реконструкција на 13 згради оштетени од земјотресот

Најчитани вести

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека до мај следната година 640 семејства во Драч, погодени од катастрофалниот земјотрес, ќе се вратат во нивните реконструрани домови.

По инспекцијата на работите врз стамбените згради оштетени од земјотресот на 26 ноември, тој рече дека тие ќе бидат побезбедни.

– Луѓето кои ќе се вратат во зградите треба да видат дека тие сега ќе бидат поцврсти, побезбедни. Проблемот е психолошки. Кој и да е, јас или вие, немаше да дозволите вашето семејство да влезе во дом за кој што верувате дека ќе се урне, рече Рама.

Во подрачјето на пристаништниот град Драч врз 153 оштетени згради потребно е структурно зацврстување.

Досега има само 39 апликации од инвеститорите кои ги граделе. Дадени се 13 дозволи, 12 се одбиени, а останатите се предмет на разгледување. Во процесот на реконструкцијата се употребуваат стандардите со ЕУРОКОД.

Додека трае реконструкцијата врз зградите станарите ќе престојуваат во станови под наем, што ќе го плаќа државата.

Надвор од интервенциите во зградите, чијашто структура е стабилна, владата работи на изградба на нови згради кои се целосно урнати или поради големите оштетувања треба да бидат урнати.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести