19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Во Дојран расте интересот за купување парцели за изградба на викендици

Најчитани вести

Расте интересот за купување парцели во Дојран за изградба на сместувачки и угостителски капацитети.

На последното јавно наддавање што го спроведе општината сите парцели за изградба на викендици се продадоа при што се постигнаа рекордни цени, а општината инкасираше околу половина милион евра. Првиот човек на ова општина кажа дека сите пари ќе се инвестираат во инфрастурктурни проекти.

Општина Дојран пред Нова година успеа да продаде околу 20тина парцели. Од одделението која самостојна ја спроведе целата постапка кажаа дека има донесени урбанистички планови и вќе следниот месец ќе бидат понудени на продажба на нови парцели.

Дојран ова година ќе има рекорден Буџет имајки ги вопредвид и средствата што ќе се слеат од државата, но и од повеќе прекугранични проекти за заштита на Дојранксото езеро, но и за подобрување на туристичката понуда.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести