19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Во Џорџија се одлучува кој ќе го контролира Сенатот

Најчитани вести

Избраниот претседател Џо Бајден и претседателот на САД, Доналд Трамп вчера присуствуваа на завршните митинзи на кандидатите на своите партии за сенатори од Џорџија.

Во трка се актуелните сенатори републиканци Кели Лоефлер и Дејвид Пердју против демократите Рафаел Варнок и Јон Ософ. Ако демократите ги освојат двете места во вториот круг од изборите во Џорџија, би можеле да ја повратат контролата над Сенатот, каде сега мнозинство имаат републиканците.

Контролата над Сенатот значи дека Бајден ќе може да ја спроведе својата агенда, бидејќи мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот имаат демократите.

Анкетите покажуваат дека демократите имаат мала предност, но Џорџија историски е републиканска држава. Всушност Бајден е прв демократ, кој во Џорџија ги добил претседателските избори од 1992 година.

Се очекува излезноста на изборите да биде висока, бидејќи на раното гласање веќе излегле три милиони луѓе.

Републиканците во моментот имаат 50 места во Сенатот, а демократите 48. Ако демократите ги освојат двете места, тогаш двете партии ќе имаат по 50 места и во тој случај одлучувачкиот глас е на претседавачот со Сенатот, а во овој случај е потпретседателката на САД, Камала Харис.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести