Home » Во центарот на Пустец ќе се подигне биста на Гоце Делчев

Во центарот на Пустец ќе се подигне биста на Гоце Делчев

by Журнал.мк

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски,„Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, изјави градоначалникот Колефски.

Додава дека се преземаат сите потребни законски мерки со цел поставувањето на бистата да биде изведено според потребната процедура и временска рамка.

Поставувањето на бистата ќе биде на свеченост што ќе се организира на 4 мај 2024 година, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев.

„Советот на општина Пустец, веќе даде едногласна поддршка на иницијатвата и барањето на МАЕИ, за поставување на бистата. Иницијативата е ставена на јавна расправа и очекувам на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука“, посочува тој.

Автор на бистата е Зоран Тошевски а е донација од МАЕИ.

Во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“ а поставувањето на оваа биста, според иницијаторот, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More