8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Во Бугарија пристигна втората испорака на КОВИД вакцини, масовната вакцинација очекуваат да започне во февруари

Најчитани вести

Неколку минути по 7.30 часот утрово, на аеродромот во Софија пристигна втората испорака од 25,000 вакцини против КОВИД-19 од Фајзер-Бионтек, соопштија бугарските медиуми.

Пратката ја прими бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов и извршниот директор на агенцијата за лекови Богдан Кирилов.

Тие ќе се користат за вакцинирање на медицинските лица од првата линија. 

Во моментов е во тек организација за препраќање на вакцините до пет точки во земјата, во Софија, Пловдив, Бургас, Велико Трново и Варна. “Откако ќе заврши логистиката на овие точки, започнува дистрибуцијата на вакцини во другите центри во земјата, со цел да се продолжи со вакцинацијата на сите вработени од прва линија кои се вклучени во првата фаза на вакцинирање”, рече министерот за здравство Ангелов.

Откако ќе заврши првата фаза, што здравствените власти очекуваат да се случи во рок од една недела или две, веднаш ќе започне втората фаза на вакцинација – за старите лица и за наставниците.

Министерството за здравство планира да ја заврши втората фаза до крајот на јануари. Масовната вакцинација ќе започне во февруари или март.

“Сè што е пропишано во планот за вакцинација, ќе се случи на начинот на кој е пропишано. Многу скоро, откако ќе дојде втората вакцина, ќе започнеме со масовна вакцинација во земјата. Очекуваме дозвола за третата вакцина. Јас сум оптимист. Бројот на оние кои сакаат да се вакцинираат се зголемува“, нагласи министерот.

Вакцинацијата во Бугарија се спроведува бесплатно и на доброволна основа, потсети министерот Ангелов. Амбиција на здравствените власти е да вакцинираат околу 70% од населението.

Првите 9.750 вакцини на Фајзер и Бионтек пристигнаа на 26 декември, а досега се вакцинирани 4.739 лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести