Илјадници граѓани вечерва се собраа во Белград на уште еден протест што го повика опозициската коалиција „Србија против насилството“.
Протестот започна пред зградата на Републичката изборна комисија, а насобраните потоа тргнаа низ центарот на Белград до црквата Свети Марко каде запалија свеќи за убиениот политичар Оливер Ивановиќ. Имено, денеска се навршуваат пет години од убиството на Оливер Ивановиќ, српски политичар од Косово.
Причина за протестите се тврдењата на опозицијата дека се украдени изборите одржани на 17 декември на парламентарно, локално и белградско ниво.