Home » Во автобуска несреќа во Мали загинаа најмалку 31 лице

Во автобуска несреќа во Мали загинаа најмалку 31 лице

by Журнал.мк

Сообраќајните несреќи се чести во Западна Африка, каде што јавниот транспорт е често пренатрупан и слабо регулиран.

Најмалку 31 лице загина во автобуска несреќа во западниот дел на Мали во близина на градот Кениеба, соопшти Министерството за транспорт.

Несреќата се случила кога автобус на пат кон Буркина Фасо паднал од мост во реката.

„Веројатна причина за несреќата е губење на контролата над возилото од страна на возачот“,

се наведува во соопштението.
Меѓу жртвите има државјани на Мали и други земји од западноафриканскиот подрегион.

Сообраќајните несреќи се чести во Западна Африка, каде што јавниот транспорт е често пренатрупан и слабо регулиран.

Според податоците на ОН за 2023 година, од сите сообраќајни жртви во светот, околу една четвртина загинале во Африка, на која отпаѓаат само два отсто од сите возила во светот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More