Home » Во автобусите на ЈСП ќе се поставуваат камери?

Во автобусите на ЈСП ќе се поставуваат камери?

by Журнал.мк

Група советници во градот Скопје поднесоа Иницијатива за воспоставување 24-часовен мониторинг видео-надзор во возилата под надлежност на ЈСП Скопје, а Советот на денешната седница ја прифати иницијативата.

Со неа се задолжува градоначалничката да се произнесе по оваа иницијатива до соодветните ресори и надлежните во јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и на следна седница да биде ставена како точка на дневен ред и да може да се изгласа,

Сигурноста и безбедноста на сите граѓани кои ги користат услугите на ЈСП Скопје, се едни од многуте приоритети кои Советот на Градот скопје треба да ги негуваат, сметаат предлагачите.

„Сведоци сме сите ние во годините нанадаз 10,15,20 години за инциденти кои се случуваат во превозните средства на ЈСП Скопје. Сведоци сме на опожарување на возила во двиќење, сведоци сме на напади над вработените (контролорите и возачите) во ЈСП Скопје. Граѓаните сведочат и на непримерно однесување на вработените (контролорите и возачите) кон граѓаните кои го користат јавниот превоз. Во превозните средства на ЈСП Скопје се случувале и физички пресметки помеѓу физички лица или организирани групи, кражби и немили инциденти кои ја намалуваат довербата на граѓаните во ЈСП Скопје“, стои во предлогот.

Советникот Гордан Шутаров, денеска образложи дека до крајот на годината оваа иницијатива може да се имплементира, со оглед на тоа што ЈСП Скопје во последниот период покажало добивка, а доколку и фалат пари за набавка и поставување камери во автобусите, Градот тоа може да го овозможи.

Целта на оваа иницијатива е да се овзможи предизвикувачот на инцидент веднаш да може да биде идентификуван.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More