Home » Во Австралија нема да има избори во април поради наближување на циклон

Во Австралија нема да има избори во април поради наближување на циклон

by Журнал.мк

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска изјави дека нема да распише општи избори за април на почетокот на следната недела, како што е најавено, бидејќи владата треба да се фокусира на претстојниот циклон во австралиската држава Квинсленд.

Во тој дел на Австралија се очекува првиот тропски циклон по половина век. Тропскиот циклон Алфред се прогнозира да го погоди брегот на Квинсленд северно од Бризбејн, третиот по големина град во Австралија, рано в сабота, соопшти денеска Бирото за метеорологија.

Алфред ќе биде првиот циклон што ќе го погоди регионот Бризбејн по циклонот Зое, кој го погоди регионот во 1974 година и предизвика големи поплави.

Невремето се движи кон запад со удари на ветер до 130 километри на час. Но, се очекува бурата да ослаби додека се приближува до Бризбејн. Тоа значи дека таквите разорни ветрови веројатно нема да го погодат самиот Бризбејн, но сепак се очекуваат силни налети на ветер до 120 километри на час.

Општите избори мора да се одржат до средината на мај, а изборите првично беа планирани за април за да се избегне усвојување на буџетот на 25 март. Во интервју за Австралиската радиодифузна корпорација (Еј-Би-Си) Албанезе изјави дека „намерата на неговата влада е да го отслужи целиот мандат“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk