Нова ледена бура пристигнува во САД, која доведе до откажување на стотина комерцијални летови, соопштија американските власти.
Бранот со ледена бура се протега од Ново Мексико во југозападниот дел на САД до Вермонт на североисток, пренесува Ројтерс.
Гувернерите на сојузните држави апелираа до граѓаните да избегнуваат движење по автопатиштата, а на училиштата и универзитетите им наложија да ја прекинат наставата.
Во Мичиген се очекуваат околу 30 сантиметри снег, а надлежните служби издадоа предупредување да не се патува.
„Се приближува многу студен и непријатен бран што ќе го отежне патувањето“, рече Марти Рауш, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Колеџ парк во Мериленд.