Home » Во Америка од студ починале најмалку 21 лице во последните пет дена

Во Америка од студ починале најмалку 21 лице во последните пет дена

by Журнал

Најмалку 21 лице загинаа поради екстремен студ и снег во американските сојузни држави Тенеси, Мисисипи, Арканзас, Канзас, Орегон и Њујорк од 12 јануари, објави Си-Ен-Ен.

Во Тенеси, каде што беа пријавени седум смртни случаи, возач на камион загина кога изгубил контрола над своето возило на лизгав пат на автопатот во Ноксвил и удрил во приколката на друг камион, соопшти полицијата.

Американските метеоролози предупредуваат на нова рунда снег и студ што доаѓа во делови од Америка. Повеќе снег ќе се пресели од средниот запад кон источниот брег во петок, а снежните наноси може да ги прекријат Вашингтон и Њујорк многу брзо.

Во некои делови струја вона североистокот дојде до прекин на труја, а замрзнатиот дожд и снег оставиле 85.000 домови и деловни објекти во Орегон без струја. Возачите во Бафало се справуваат со снег на патот, а може да има проблеми и во други делови на источниот дел на САД.

„Најопасни услови за возење се наутро и навечер“, додаваат од метеоролошката служба.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More